Едукативна активност во средното медицинско училиште во Штип

Здружението на граѓани за ретки болести Живот со Предизвици и Здружението на граѓани ХАЕ Македонија во соработка со Средното Медицинско Училиште Јане Сандански од Штип организираа едукативно предавање за ретки болести, на 28ми Јуни, 2013, во просториите на училиштето.  Присутните стотина ученици имаа можност да се запознаат со работата на здруженијата, и да ги добијат основните информации за препознавање, следење и лекување на ретки болести како Болест на Гоше, Алажил Синдром  и Хередитарен Агиоедем. Ова едукативно предавање означи почеток на соработката со Средното медицинско училиште Јане Сандански – Штип, што овозможува проширување на знаењето на учениците на еден вакв иновативен начин, каде предавачи се самите пациенти и родители кои најблиску можат да го пренесат искуството за тоа како е да се живее со ретка болест Едукацијата на учениците е важна, бидјеќи токму тие ќе бидат идните медицински професионалци во чии раце ќе се наоѓа здравјето на пациентите. Ваквите активности ќе продолжат и понатаму со цел зголемување и активирање  на членство и волонтери и споделување на знаење и експертиза во областа на ретките болести.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *